Леб со киноа и хуск
Состојки:
-
200 г сварена и исцедена био киноа
-
180 г оризово брашно
-
40 г био хуск (лушпи од псилиум)
-
375 мл вода
-
20 мл оцет
-
1 лажичка сол
-
1 лажичка сода бикарбонат
-
1 лажичка мешани зачини
Инструкции:
-
Во блендер истурете ги сварената био киноа и водата и блендирајте 2-3 минути, додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја во сад и додадете ги зачините, содата, солта и оцетот и убаво измешајте.
-
Додадете го оризовото брашно и хускот (лушпите од псилиум), измешајте и оставете настрана 15-20 минути, додека хускот да набабри.
-
Соберете го тестото со рака и ставете го во мало тавче обложено со хартија за печење. Обликувајте го по ваша желба, без да го месите или притискате.
-
Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 1 час. Оставете лебот целосно да се излади пред да го сервирате.
Овој леб со киноа и хуск (лушпи од псилиум) е идеален ако сакате нешто „вистинско“ во вашата чинија. За појадок со авокадо и домати, за ручек со хумус или паштета од зеленчук… Тој е доказ дека здравата храна може да биде вкусна, а домашната – нестандардна и инспиративна.