Skip to main content
Леб со киноа и хуск
Здрави рецепти

Леб со киноа и хуск

April 26, 2026
1 min read
261 прегледи

Состојки:

  • 200 г сварена и исцедена био киноа

  • 180 г оризово брашно

  • 40 г био хуск (лушпи од псилиум)

  • 375 мл вода

  • 20 мл оцет

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка сода бикарбонат

  • 1 лажичка мешани зачини

Инструкции:

  1. Во блендер истурете ги сварената био киноа и водата и блендирајте 2-3 минути, додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја во сад и додадете ги зачините, содата, солта и оцетот и убаво измешајте.

  2. Додадете го оризовото брашно и хускот (лушпите од псилиум), измешајте и оставете настрана 15-20 минути, додека хускот да набабри.

  3. Соберете го тестото со рака и ставете го во мало тавче обложено со хартија за печење. Обликувајте го по ваша желба, без да го месите или притискате.

  4. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 1 час. Оставете лебот целосно да се излади пред да го сервирате.

Овој леб со киноа и хуск (лушпи од псилиум) е идеален ако сакате нешто „вистинско“ во вашата чинија. За појадок со авокадо и домати, за ручек со хумус или паштета од зеленчук… Тој е доказ дека здравата храна може да биде вкусна, а домашната – нестандардна и инспиративна.

Споделете го написот

Бесплатна достава

Уживајте во бесплатна достава за нарачки од 1,499+MKD

Замена на производ

Лесно достапна замена на производ! Прочитај услови

EU Organic

Органски

Сите производи се органски и без пестициди

24/7 Поддршка

Посветена 24/7 поддршка преку чет и е-пошта

Здраво! Како можам да ти помогнам?