Малинова торта со мача
Состојки Основа:
-
150 г био бадеми
-
100 г ф’стаци
-
1 супена лажица премиум био мача
-
1 супена лажица био кокосов сируп
-
малку вода
Крем:
-
500 г индиски ореви, претходно натопени 6 часа во вода
-
210 г био кокосово масло
-
200 мл кокосово млеко
-
200 мл био кокосов сируп
-
200 г замрзнати малини
-
1 супена лажица премиум био мача
-
сок од 1/2 лимон
Начин на подготовка:
-
За основата, најпрво се блендираат јаткастите плодови, по што се додаваат 1 супена лажица премиум био мача, 1 супена лажица био кокосов сируп и вода за да се формира густа смеса. Смесата се истура во калап за торта и се обликува со притискање со прстите кон дното.
-
За да се добие кремот, се блендираат индиските ореви, кокосовото млеко и био сирупот од кокос, а на крајот се додава претходно растопеното био кокосово масло.
-
Кремот се дели на два дела: во едната половина се додаваат 200 г малини, а во другата – 1 супена лажица мача и сокот од 1/2 лимон.
-
Малиновиот крем се истура врз основата, одозгора густо се редат малини, по што се истура кремот со мача.
-
Тортата се остава да се стегне во фрижидер неколку часа.