Сладолед на стапче со мача и лимон
Состојки За кремот:
-
1/2 чаша индиски ореви
-
1 конзерва кокосов крем
-
1 супена лажица био кокосов сируп
-
1 лажичка рендана кора од лимон
-
сок од половина лимон
За глазурата:
-
100 гр чоколадо со мача и лимон
-
1 лажичка био премиум мача
-
1 лажичка стопено био кокосово масло
-
30 гр ф’стаци
Начин на подготовка:
-
Натопете ги индиските ореви во врела вода околу 2 часа или преку ноќ.
-
Откако ќе бидат готови, ставете ги сите состојки за кремот во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
-
Распоредете ја смесата во калапи за сладолед, не заборавајте да ставите стапчиња и ставете ги во замрзнувач околу 3 часа или преку ноќ.
-
Пред да ги извадите од замрзнувачот, стопете го чоколадото со мача и лимон на водена бања.
-
Во меѓувреме, здробете ги ф’стаците, а потоа додадете ги во стопеното чоколадо. Потоа додадете ја и мачата и измешајте додека не добиете зелена чоколадна смеса.
-
Извадете ги сладоледите и потопете го секој од нив во чоколадната глазура.
-
Наредете ги сладоледите на соодветна подлога и вратете ги во замрзнувачот уште околу 15 минути.
-
Потоа, опуштено уживајте во ова слатко искушение, создадено да освежува.