Безглутенски тоскански крекери
Состојки:
-
1/4 чаша био чиа семе
-
1 чаша био бадемово брашно
-
1/2 чаша вода
-
1 кафена лажичка сушени домати во прав (или сушени домати на парченца/мелени, во зависност од текстурата)
-
1 супена лажица микс од италијански зачини
Начин на подготовка:
-
Во сад измешајте ги био чиа семето и водата и оставете ги да набабрат околу 15 минути.
-
Во длабок сад измешајте ги био бадемовото брашно и зачините (по желба можете да додадете лук во прав или сусам). Кон нив додајте ја смесата од чиа и убаво промешајте.
-
Обликувајте топче од добиената смеса и ставете го меѓу две хартии за печење.
-
Расукајте го топчето во правоаголна форма или обликувајте го со раце. Колку потенко ја расукате смесата, толку покрцкави ќе бидат крекерите.
-
Отстранете ја горната хартија за печење и исечете ја смесата на еднакви правоаголници. Ставете ги, заедно со хартијата за печење, во тава.
-
Печете околу 15-20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
-
Оставете ги да се изладат, распоредете ги во чинии и уживајте во одличниот вкус на овие здрави крекери!