Skip to main content
Фит конџак паста со печен зеленчук и моцарела
Здрави рецепти

Фит конџак паста со печен зеленчук и моцарела

May 14, 2026
1 min read
171 прегледи

Потребни состојки:

  • 300 г био конџак шпагети 

  • 2/3 модар патлиџан

  • 2/3 тиквица

  • 2/3 црвена пиперка

  • 1/2 глава кромид

  • 10 чери домати

  • Парче луто пиперче (по желба)

  • 2 чешниња лук

  • 1 лажица био ghee масло

  • Сол и црн бибер

  • 1 топка  моцарела

  • 40 г мешавина  семки 

Подготовка:

  1. Подготовка на зеленчукот: Исечкајте ги модриот патлиџан, тиквицата и пиперката на коцки. Ситно исечкајте ги кромидот, лукот и лутото пиперче. Чери доматите пресечете ги на половина.

  2. Пржење: Во тава на среден оган загрејте го био ghee маслот. Прво додајте го кромидот и модриот патлиџан и динстајте ги додека не омекнат. Потоа додајте ги тиквицата, пиперката и лутото пиперче. Пред крај додајте го лукот и чери доматите. Зачинете со сол и бибер.

  3. Подготовка на шпагетите: Коњак шпагетите добро исплакнете ги со ладна вода (ова е важно за да се отстрани специфичниот мирис). По желба, кратко пропржете ги во сува тава 2-3 минути за да испари вишокот вода.

  4. Спојување: Додајте ги шпагетите во тавата со зеленчукот и добро измешајте.

  5. Сервирање: Одозгора додајте ја моцарелата (искината на парчиња) за малку да се стопи од топлината и на крај посипете со  семки за крцкавост.

Споделете го написот

Бесплатна достава

Уживајте во бесплатна достава за нарачки од 1,499+MKD

Замена на производ

Лесно достапна замена на производ! Прочитај услови

EU Organic

Органски

Сите производи се органски и без пестициди

24/7 Поддршка

Посветена 24/7 поддршка преку чет и е-пошта

Здраво! Како можам да ти помогнам?