Бадемови колачиња
Состојки:
-
650 г био бадемово брашно
-
150 г био кокосов шеќер
-
ванила
-
165 мл вода од сварен наут (позната и како аквафаба)
-
1 кафена лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Блендирајте ги водата од наут, шеќерот и стопеното био кокосово масло.
Оваа смеса се меси со останатите состојки. Добиеното тесто се обликува во тркалезни колачиња (слатки), кои се валаат во различни додатоци: мак, кокосови струготини, сусамово семе.
Се печат на 150°Ц околу 20 минути во тава обложена со хартија за печење.